Употреба на голема буква во македонскиот јазик
Во македонскиот јазик големата буква се употребува според утврдени правописни правила.
1. Првиот збор на секоја реченицата
Со голема буква се пишува првиот збор на секоја нова реченица.
Примери:
- Денес времето е сончево.
- Учениците учат македонски јазик.
- Дали ја прочита книгата?
- Утре ќе одиме на екскурзија.
2. Лични имиња и презимиња
Со голема почетна буква се пишуваат личните имиња, презимињата, прекарите, имињата на животните и фамилиите.
Примери:
- Моето име е Билјана, а моето куче се вика Марко.
- Елена
- Петар Поп Арсов
- Блаже Конески
- Крали Марко
3. Посвојните придавки изведени од лични имиња со наставките -ов, -ев и -ин
Примери:
- Марко → Марковата книга
- Гоце → Гоцевата тетратка
- Милка → Милкиниот прозорец
- Игор → Игоровата кола
4. Географските и топографските имиња
- Ако имињата се составени од повеќе зборови, тогаш сите се пишуваат со голема буква.
- Сите зборови со големи букви не се пишуваат во ниту еден друг случај (освен ако не се лични имиња).
Примери:
- Македонија, Србија, Франција
- Вардар, Скопје, Пелагонија, Црн Дрим
- Шар Планина, Охридско Езеро, Ново Село
- Соединети Американски Држави
- Европа, Западна Македонија, Далечен Исток, Источна Македонија
- Галичник, Вевчани
5. Имињата на жители на континенти, држави, области, национална припадност, припадници на племиња
Примери:
- Македонец, Македонка, Французин, Французинка, Германец, Германка
- Скопјанец, Скопјанка, Европеец, Американец, Австралиец, Австралијка, Австралијци
- Србин, Ром, Албанец, Швајцарец, Мариовец, Горанец, Пехчевец, Пехчевка, Беровец
6. Имињата на институциите, улиците, кејовите, плоштадите, објектите, организациите
- фестивалите, имињата на книгите, уметничките творби, весниците, списанијата, написите
- законите, прописите, документите, како и називите на востанијата, војните, битките и мировите.
- Голема е само буквата на првиот збор (освен ако не е лично име).
Примери:
- Архитектонски факултет, Министерство за образование и наука
- Македонска академија на науките и уметностите
- Народна банка на Република Северна Македонија
- Драмски театар, Струшки вечери на поезијата, Крпен живот, Бисера,
- Партизански одреди, Арапска куќа, Младинска организација,
- Време, Закон за работни односи, Разловечко востание, Втора светска војна, Версајски мир
7. Имињата на небесните тела
- Ако не се употребени како име на небесно тело, тогаш се пишуваат со мала буква.
Примери:
- Венера, Марс, Сонце, Месечина, Земја
- Денеска сонцето не беше видливо, поради облаците.
- Ја ораше земјата.
8. Кога следува директен говор по две точки (:)
Примери:
- Марија му кажа на Дејан: „Дојди од другата страна.“
- Марко извика: „Победивме!“
- Ана одговори: „Ќе дојдам навреме.“
- Мајка ми ме праша: „Дали ја заврши домашната задача?“
9. Имињата на празниците
- Само првиот збор се пишува со голема буква.
- Ако датумот е напишан со број, тогаш првиот збор што следува по бројот е со голема буква.
Примери:
- Први мај, Нова година, Божиќ, Бајрам, Единаесетти октомври, Осми септември
- 8 Март, 13 Ноември, 11 Октомври
10. Изразување почит, заменките вие и ваш, како и други зборови
- Со голема почетна буква се пишуваат заменките Вие, Ваш и нивните форми (Вас, Вам, Ви, Ве, Вашиот, Вашата, Вашето) кога се употребуваат за изразување почит при обраќање кон едно лице, особено во официјална комуникација.
- Кога се обраќаме на повеќе лица, заменките вие и ваш се пишуваат со мала почетна буква, освен на почетокот на реченицата.
Примери:
- Ви благодарам за Вашата помош.
- Сакам да Ве замолам за една услуга.
- Со задоволство ја прифатив Вашата покана.
- Почитуван професоре, Ви го испраќам документот.
- Се надевам дека наскоро ќе добијам одговор од Вас.
Со мала буква се пишуваат
1. Жители на населени места.
- Примери: скопјанец, крушевчанец, драчевец, новоселец.
2. Придавки изведени од лични имиња и географски поими.
- Ваквите придавки често учениците ги пишуваат погрешно и тоа со голема буква.
- Примери: скопски, македонски, албански, вардарски, охридски, шарпланински, горкиевски (стил), езоповски (начин)
- горкиевски стил: стил на пишување карактеристичен за писателот Максим Горки.
- езоповски начин: посреден, алегоричен начин на изразување, поврзан со басните на Езоп.
3. Имињата на месеците, деновите во неделата, годишните времиња.
- Примери: април, јануари, среда, сабота, лето, зима.

Правописот ги определува правилата за правилна употреба на графичките знаци.
Правописот претставува збир од општоприфатени правила што овозможуваат правилно пишување на зборовите и пренесување на усниот говор во писмена форма.
Правописните правила се менуваат и се усовршуваат во согласност со развојот на јазикот и неговата употреба во различни области.
Првиот Правопис на македонскиот литературен јазик е објавен (отпечатен) во 1945 година од Државното книгоиздателство на НР Македонија. Неговото издавање претставува значаен чекор во процесот на унифицирање на македонскиот литературен јазик.
Разговор за написот
0 коментари